Top Sport

Милко Ѓуровски пред вечното дерби: Ќе биде 1:0 за Звезда!

Легендарниот македонски фудбалер, Милко Ѓуровски го прогнозираше победникот на 165. вечно дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда. Натпреварот на стадионот на партизан започнува во 18 часот, а „црно-белите“ го дочекуваат мечот со скор 7 победи од 7 меча.

Пред три ипол децении Ѓуровски предизвика земјотрес во поранешната република кога „црвено-белиот“ дрес на Звезда го замени со оној на Партизан.

Тој гордо истакнува дека е голем навивач на „црвено-белите“ и дека му е жал што не може во живо да го следи натпреварот.

„Доаѓам напролет кога дербито ќе биде на мојот стадион (Рајко Митиќ). Знам дека многумина не ме сакаат ниту денес, дека не ми простија што дресот на Звезда го заменив со `гробарскиот`, но на сите ќе им порачам – поголем звездаш сум од сите тие заедно“ изјави Милко Ѓуровски за српски „Журнал“.

Поранешниот фудбалер смета дека Звезда ќе слави на денешниот дуел.

„Ќе победи Звезда, ќе биде 1:0, малку голови, но ако падне еден во првите 20 минути, се може да се случи. А тоа публиката го сака“ смета тој.

Scroll to Top