Дефанзивецот на Ливерпул, Џејмс Милнер се надева би можел да се врати на фудбалските терени за помалку од еден месец, пишува ESPN.
Поради повреда на тетивата, Милнер беше приморан предвреме, односно во 29-та минута, да го напушти неделното дерби против англискиот шампион Манчестер сити, кое заврши без голови.
Иако се смета дека оваа повреда не е сериозна, таа сепак ќе го примора 32-годишниот Милнер да биде надвор од терените на некој период.
Следниот натпревар на Ливерпул, по завршувањето на интернационалната пауза, е на 20 октомври, кога му гостува на Хадерсфилд Таун, а четири дена подоцна следи и натпреварот од Лигата на шампионите против Црвена Ѕвезда на Енфилд.
Милнер е еден од најпостојаните играчи на Ливерпул, започнувајќи ги речиси сите натпревари, освен еден, кои тимот ги одигра од почетокот на сезоната