Top Sport

Хамилтон: Медиумите не го почитуваат Фетел

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, истакнал дека неговиот голем ривал, премногу е изложен на критики оваа сезона. На Британецот му е неопходна една победа до крајот на сезоната за да ја одбрани титулата, за која „заслуги“ со своите грешки и погрешни стратегии имаат Фетел и неговиот тим Ферари.

„Мислам дека медиумите треба да покажат повеќе почит кон Себастијан. Не можете ниту да замислите колку е тешко да се бида на ова ниво. Нормално е да се згреши и ние сме луѓе“, рекол Хамилтон.

Британецот минатиот викенд во Јапонија ја забележа четвртата победа во низа, односно шеста на последните седум трки и стекна недостижна предност над Фетел.

Возачот на Ферари, во јули, имаше осум бода предност во однос на Хамилтон, меѓутоа Британецот блескаше во вториот дел од сезоната и сега има 67 бода повеќе од Германецот.

Scroll to Top