Top Sport

Милнер доби црвен картон од својот поранешен наставник по физичко!

Џејмс Милнер во саботата доби црвен картон во финишот на трилер 4:3 победата над Кристал палас од судијата Џон Мос (односно два жолти картони), продолжувајќи ја традицијата да добива „лекции“ од Мос.

Англиските фудбалски фанови „ископаа“ фотографија на Твитер на која Мос е тренер на младинскиот тим каде што поранешниот англиски фудбалер бил капитен. Мос бил учител во Вестбрук во Хосфорт, истото основно училиште во кое одел Милнер.

Очигледен пример дека во англискиот фудбал „протекциите“ не вредат ништо.

Scroll to Top