Top Sport

Милнер не може да го заборави стартот на Видиќ (Видео)

Поранешниот фудбалер на Астон Вила, сега еден од најважните играчи на Ливерпул, Џејмс Милнер, не може да го заборави поразот од Манчестер Јунајтед, во финалето во Лига купот, во 2010 година.

Манчестер Јунајтед го освоија трофејот со победата 2:1 против екипата од Бирмингем, чии дрес тогаш го носеше Милнер.

Милнер, во финалето погоди во петтата минута од пенал. На пеналот му претходеше прекршокот што го направи Немања Видиќ.

Речиси девет години по тој натпревар Миленр не може да се помири со фактот дека Видиќ не добил црвен картон.

„Тоа е еден од моментите во кариерата на кои сум лут, бидејќи Видиќ не доби црвен картон за тој старт. Требаше бидејќи беше последен човек во одбраната. Да беше исклучен натпреварот ќе имаше поинаков тек“, рекол Милнер.

По голот на Милнер, пресврт за Манчестер Јунајтед направија Вејн Руни и Мајкл Овен.

Scroll to Top