Top Sport

Милнер заработил 15 конци на главата

Фудбалерите на Ливерпул го декласираа Наполи со 5:0, а мечот мина во знакот на повредата на Џејмс Милнер.

Поранешниот англиски репрезентативец го постигна првиот гол за Ливерпул, а теренот го напушти во вториот дел откако имаше жесток дуел со Марио Руи.

Како што рекол менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп на прес конференцијата, Милен завршил на шиење и на главата имал 15 конци.

„Знаев дека веднаш ќе мора да оди на шиење. Повредата фрла сенка на нашата победа. Има 15 конци на главата. Не му дадовме огледало“, се пошегувал Клоп.

Изјавата на Клоп подоцна доби и официјална потврда.

Scroll to Top