Top Sport

Милојевиќ добил богата понуда од Ал Аин

Тренерот на фудбалрите на Црвена ѕвезда, Владан Милојевиќ, добил богата понуда за работа од Обединетите Арапски Емирати, објавија српските медиуми.

Милојевиќ, кој сезонава успеа со клубот да избори пласман во фазата по групи, во Лигата на шампионите, добил понуда од Ал Аин. Клубот од ОАЕ на тренерот му нуди годишна плата од 3,2 милиони евра, а на Црввена ѕвезда обесштетување од два милиони евра.

Извори од клубот, на кои се повикуваат српските медиуми, тврдат дека Црвена ѕвезда нема да ја прифати понудата. Инаку Милојевиќ неодамна потпиша нов договор со клубот.

Ал Аин, во декември минатата година стигнаа до финалето на Светското првенство за клубови. Меѓутоа по финалниот меч Зоран Мамиќ поднесе оставка на функцијата и се пресели во Ал Хилал од Саудиска Арабија.

Scroll to Top