Прославениот српски фудбалер Дејан Станковиќ ќе го преземе кормилото на Црвена звезда од Дејан Милојевиќ, пренесуваат медиумите во Србија.
Милојевиќ, иако има договор до јуни 2020 година решил по две и пол години да ја напушти Црврена звезда. Со Милојевиќ како тренер „црвено-белите“ играа во нокаут рундата во Лига Европа, а во последните две сезони влегуваа во главната фаза во Лигата на шампионите.
Неговиот наследник Станковиќ досега не бил прв тренер во некој клуб, му бил асистент на Андреа Страмачони во Удинезе.
Српските медиуми најавуваат дека во текот на денот клубот ќе соопшти дека Милојевиќ заминува и дека Станковиќ ќе биде новиот тренер.