Top Sport

Милвол ги осуди сопствените навивачи за свиркањето

Лондонскиот второлигаш, Милвол со соопштение ги осуди сопствените навивачи кои пред мечот со Дерби каунти во саботата ги исвиркаа навивачите за клекнување на едно колено во поддршка на „Black Lives Matter“.

Фановите беа пуштени на „Ден“ првпат по речиси девет месеци, и тие загубија со 0:1 од Дерби, но резултатот падна во сенка по однесувањето на навивачите. Фудбалерите во Англија ја покажуваат својата поддршка на глобалната анти-расистичка кампања од јуни.

„Милвол се разочарани од случувањата кои фрлија сенка на саботниот меч против Дерби каунти. Клубот последните месеци работеше напорно на враќањето на навивачите на трибините и тоа што требаше да биде позитивна и возбудлива можност беше во сенка на ова однесување. Клубот нема да го дозволи тоа. Фудбалерите продолжуваат да ја користат платформата за промени, не само во фудбалот туку и во општеството“, се вели во соопштението на клубот.

Scroll to Top