Top Sport

Минхенското суеверие на Зидан му донесе победа на Реал

Реал синоќа победи во Минхен, во првиот полу-финален натпревар во Лигата на шампионите и направи голем чекор кон пласманот во третото последовно финале. Мадридскиот тим го совлада Баерн со 2:1, иако Баварците водеа со голот на Кимих. Марсело израмни во финишот на првиот дел, а Асенсио на почетокот на второто полувреме го постави конечниот резултат.

Интересно, со идентичен резултат Реал, минатата сезона, го победи Баерн во Минхен, но тогаш во четврт-финалето.

Лани кога Реал го победи Баерн играше во црни дресови, поради што тренерот Зинедин Зидан побарал од УЕФА, неговата екипа полу-финалето повоторно да настапи со истата боја на дресовите, иако непречено Реал можеше да ја носи и својата бела гарнитура.

Суеверието на Зидан отишло толку далеку што тој повоторно го сместил тимот во истито хотел во кој престојувале и минатата година, а дури за нив се грижеле истите луѓе како и во 2017 година.

Scroll to Top