Top Sport

Минималец на Атлетико против Осасуна

Атлетико Мадрид славеше минимална победа над Осасуна, во 14.коло во Ла Лига. Актуелните шампиони, во финишот го скршија отпорот на најпријатното изненадување од почетокот на сезоната.

Осасуна, пред репрезентативната пауза успеа да одигра 0:0 со Реал на „Сантијаго Бернабеу“. Три минути ги делеше тимот од Памплона од бод и против Атлетико.

Пресуди голот на Фелипе во 87.минута. Бразиелцот беше највисок во скокот по корнерот на Караско, го искористи несигурното истрчување на голманот Ерера и ја испрати топката во голот.

Осасуна можеше и до подобра резултат, но определбата да се игра бункер во второто полувреме ги однесе во пораз.

Со оваа победа Атлетико се доближи на два бода од лидерите Севилја и Реал Сосиедад.

Scroll to Top