Top Sport

Минималец на Барса за враќање на врвот во Ла Лига

Барселона оствари тешка победа (1:0) над Селта на „Камп Ноу“, се врати на врвот на табелата во Ла Лига, но тимот на Чави доби свирежи од фановите за вечерашното издание. Селта беше најмалку рамноправен ривал, а Тер Штеген го спаси каталонскиот состав на крајот од мечот.

Педри беше стрелец на единствениот гол на натпреварот во 17.минута. Сепак, по водството каталонскиот тим не успеа да наметне своја игра и да доминира. Селта нападна со сите сили во последните минути, а дирекот и Тер Штеген ја спасија Барса.

Scroll to Top