Top Sport

Минималец на Барселона во Ваљадолид (Видео)

Фудбалерите на Барселона забележаа минимална победа (1:0) на гостувањето во Ваљадолид во рамките на 36 коло во Примера. Со тешко извојуваната победа Барселона се доближи на еден бод до Реал кој има натпревар помалку.

Барселона одигра уште еден лош натпревар, без конкретна идеја во играта, а во втората половина од вториот дел успеаја да се одбранат од континуираните напади на Ваљадолид.

Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 15 минута кога Видал со силен удар го погоди долниот десен агол од голот на Масип. На Видал му асистираше Меси кој ја забележа 20 асистенција во сезоната.

Аргентинецот стана првиот фудбалер на Барселона по Чави во 2008 година кој забележал најмалку 20 асистенции во една сезона.

Во првиот дел Барселона имаше уште две добри шанси, Гризман се посрамоти во 19 минута, а ударот на Пуџ во 30 минута го одбрани Масип.

Scroll to Top