По Шпанија и олимписките селекции на Јапонија, Мексико и Бразил обезбедија пласман во полу-финалето на турнирот во Токио.
Бразил со еден постигнат гол успеа да го елиминира Египет во четврт-финалето. Голот на одлука го постигна Куња во 37.минута. Асистент беше најдобриот стрелец на турнирот Ришарлисон.
Јапонија и Нов Зеланд патникот во полу-финалето го решија во пенал серијата, откако по 90 и 120.минути игра немаше голови.
Мексико ја декласира Јужна Кореја со 6:3. Кордова и Мартин постигнаа по два гола за Мексико, а по еднаш меѓу стрелците се запишаа Ромо и Агире.
Мексикот во полу-финалето ќе игра против Бразил, а Јапонија против Шпанија. Натпреварите ќе се одиграат во вторник.