Top Sport

Минималец на Јувентус во Бергамо (Видео)

Фудбалерите на Јувентус во првиот полуфинален натпревар, во Купот на Италија, во Бергамо ја победија Аталанта со 1:0.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Гонзало Игуаин во третата минута.

Домаќинот имаше можност да израмни во 25.минута, но Џиџи Буфон му одбрани пенал на Алехандро Гомез.

Втората полуфинална двојка ја формираа Милан и Лацио, а првиот натпревар ќе го одиграа вечерва.

Реваншите се на програмата на крајот од овој месец, а финалето ќе се игра во Рим на 9.мај.

Scroll to Top