Top Sport

Челси го потврдија Емерсон

Челси потврди дека го обезбедиле потписот на Емерсон Палмиери од Рома, потпишувајќи четири и пол годишен договор со дефанзивецот.

„Сините“ сакаа да го донесат Емерсон заедно со Един Џеко во зимскиот преоден рок, но тој договор „пропадна“, така што сега се задоволија само со Бразилецот за наводна сума од 17.5 милиони фунти.

„Дојдов во Челси бидејќи се работи за голем тим со голема историја. Денеска го остварувам мојот сон. Англискиот фудбал го гледам од мојата 15-та година и знам дека е најубавиот фудбал за гледање и играње“, изјави 23-годишниот Емерсон.

Палмиери може да настапува во Лигата на шампиони за Челси, и ќе биде ривал на Маркос Алонсо за левата бековска позиција. Се очекува утре Челси да го комплетира договорот со Оливие Жиру од Арсенал, додека Мичи Батшуаи најверојатно ќе замине во Борусија Дортмунд како дел од комплицираниот трејд со кој Арсенал ќе го добие Пјер-Емерик Обамејанг.

Scroll to Top