Манчестер јунајтед забележа минимална победа на гостувањето во Норич. Претходно од белата точка до победите во ова коло дојдоа Ливерпул, Манчестер сити и Челси.
Единствениот гол го постигна Кристијано Роналдо во 75.минута. Аронс беше во дуел со Португалецот, кој заврши на тревата, а судијата покажа на белата точка.
Португалецот ја презеде одговорноста и погоди за предност на „црвените ѓаволи“.
На крајот, Давид Де Хеа со две одлични интервенции ја одбрани победата на Јунајтед. Шпанецот ги одбрани ударите на Кабак во 77. и 92.минута.
Јунајтед со оваа победа се искачи на петтото место, додека Норич остна на претпоследното место.