Фудбалерите на Рома ја победија Болоња 1:0 во последниот меч од саботната програма, во рамките на 11 коло во Серија А.
Рома со нова минимална победа освои три бода. На „Олимпико“ прашањето на победникот го реши италијанскиот репрезентативец Стефан Ел Шарави, кој во гол го претвори додавањето на Алесандро Флоренци.
Голот Ел Шрави му го посвети на Рик Карсдорп, кој во средата на своето деби во дресот на Рома го скина предните вкрстени лигаменти во коленото и ќе отусутвува помеѓу шест и осум месеци.
Несреќниот Карсдорп летово од Феенорд се пресели во Рома, а во средата дебитираше откако се рехабилитира од операцијата на менискусот.