Фудбалерите на Севилја го победија Реал Сосиедад со 1-0, во првиот натпревар од 35.коло во Ла Лига.
Натпреварот на кој, на клупата на Севилја, дебитираше новиот тренер Хоакин Капарош, донесе голема борба на теренот и еден гол во мрежата на гостите со кој Севилја остана во трка за места што водат во Лига Европа.
Севилја победи со голот на Евер Банега од пенал. Аргентинецот беше прецизен во 47.минута.
Севилја со овој триумф остана на седмото место со 51 бд, додека Сосиедад е на 10.позиција со 46 бода.