Top Sport

Пеликаните убедливи против шампионот (Видео)

Кошаркарите на Њо Орлеанс Пеликас убедливо ги совладаа Голден Стејт Вориорс 119:100 во третиот меч од полу-финалната серија и го намалија водството на противникот на 2-1. Блескаа на овој меч крилниот центар Ентони Дејвис и плејмејкерот Режон Рондо.

Пеликанс триумфот го најавија во раната фаза на мечот, уште во првата четврина стекнаа предност од десет поени, а овој период го завршија со предност од 27:14.

Дејвис натпреварот го заврши со 33 поени и 18 скокови, додека Рондо подели 21 асистенција, на што придодаде 10 скока и четири поени.

Двоцифрен кош-ефект кај Пеликаните имаа Џру Холидеј (21 поен), Иан Кларк (18 поени) и Никола Миротиќ (16 поени и 13 скока).

Голден Стејт го предводеше Клеј Томпсон со 26 поени, Кевин Дурент постигна 22 коша, а Стеф Кари 19.

Четвртиот меч од оваа серија се игра в недела од 21:30 часот. Домаќин повторно ќе биде Њу Орлеанс.

Scroll to Top