Top Sport

Минималец за финале, Мексико го победија Хаити (Видео)

Мексико забележа победа над Хаити 1:0 и ќе се бори за титулата на Голд купот. Мечот го реши Раул Хименез, кој единствениот гол го постигна во 93 минута.

Регуларниот дел од натпреварот заврши без голови и без многу шанси. Во продолжението единствениот гол беше постигнат од пенал, кој беше досуден за Мексико. Хаити во претпоследната минута имаа голема шанса, но ударот на Канта од голема далечина заврши во гредата.

Мексиканците за противник во финалето ќе го чекаат победникот од полу-финалето САД-Јамајка.

Scroll to Top