Top Sport

Минимален триумф на Херта против Борусија (М)

Фудбалерите на Херта во Берлин со 1-0 славеа на дуелот против Борусија од Менхенгладбах во последниот саботен меч од деветтото коло.

Стрелец на единствениот погодок за домаќините беше Рихтер во 40. минута. Тој најдобро се снајде во петерецот и со волеј удар го измами голманот Сомер.

Гостите постигнаа израмнувачки гол во 70 минута, но тој беше поништен поради офсајд.

Пред тоа свои шанси имаа Херман, Елведи и Емболо.
Со денешниот триумф тимот од главниот град ја прескокна екипата од Менхенглдбах на табелата во Бундеслигата.

Scroll to Top