Top Sport

Партизан ја декласираше Крка за „5 од 5“ во АБА лига

Кошаркарите на белградски Партизан дојдоа до петтата победа во исто толку натпревари во регионалната АБА лига. Вечерва во салата „Александар Николиќ“ тие ја декласираа екипата на Крка со 92-45.

Партизан се зацврсти на врвот на табелата, додека екипата од Ново Место (Словенија) има биланс 2-3.

Најефикасен во победничката екипа беше Јам Мадар со 23 поени, додека по 15 поени запишаа Родионс Курукс и Кевин Пантер.

Кај поразениот тим искусниот Јуриј Мацура забележа 9 поени и 7 скока.

Scroll to Top