Фудбалерите на Осасуна славеа победа во дуелот со Виљареал, во првиот натпревар од саботната програма во Ла Лига.
Еден гол го реши победникот на дуелот во Памплона. Стрелец беше Чими Авила во 63.минута. За Агрентинецот ова беше прв гол по пауза од три месеци.
Осасуна, ја прекина мини кризата, во која на два натпревари беа поразени и во истот време ја прекинаа серијата од три победи на Виљареал.
Осасуна се деветти на табелата со 35 бода, Виљареал има два бода повеќе и се наоѓа на седмото место.