Top Sport

Минимална победа за Наполи, Аталанта го декласира Удинезе

Наполи, во 21.коло, ја прекина серијата лоши резултати на домашен терен, додека Удинезе доживеа дебакл во пресметката со Аталанта.

Наполи минимално ја победи екипата на Сампдорија. Единствениот гол на натпреварот го постигна Петања во 43.минута. Претходно ВАР интервенираше во 35.минута и го поништи голот на Жесус.

Елиф Елмас го одигра целиот натпревар и беше еден од најдобрите играчи на Наполи.

Со оваа победа Наполи ја прекина серијата порази на домашен терен, Наполитанците губеа од Аталанта, Емполи и Специја.

Аталанта на „Дачија“ стадионот во Удине, го понижи домашниот Удинезе. Екипата од Бергамо славеше победа од 6:2. Пашалиќ, Муриел и Малиновски во првото полувреме ја обезбедија победата.

Во вториот дел Џмшити со авто-гол, потоа Муриел со својот втор гол зголеми на 4:1, а Бето намали на 4:2.

Конечниот резултат беше поставен со головите на Меле и Песина.

Scroll to Top