Top Sport

Минимални парични казни за Ибрахимовиќ и Лукаку

Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку, како и нивните клубови Милан и Интер, добија парични казни за инцидентот што го предизвикаа фудбалерите на 26.јануари 2021 година, кога двата тима се соочија во четврт-финалето во Купот на Италија.

Фудбалскиот сојуз на Италија поради неспортско однесување, употреба на провокативни зборови и непочитувањето на етичкиот кодекс изрече парични казни од 4.000 евра за Ибрахимовиќ и 3.000 евра за Лукаку.

Клубовите се казнети со 2.000 (Милан) и 1.250 евра (Интер).

Scroll to Top