Top Sport

Миовски: Ако победиме со Украина, ќе биде интересно во групата за ЕВРО 2024

Фудбалската репрезентација на Македонија утре патува за Прага, каде в сабота ќе го одигра следниот квалификациски натпревар против Украина.

Напаѓачот Бојан Миовски вели дека мечот со Украинците е многу важен и дека со три бода освоени во Прага, ќе имаме сериозни шанси за второто место во групата.

„Имавме позитивни резултати во последните два меча со Италија и Малта и има една одлична и позитивна атмосфера и мора да го задржиме тој моментум, па да го искористиме на најдобар начин. Мечот со Украина е најважен, ако победиме, ќе ги направиме интересни работите во групата и секако дека имаме шанси за тоа второ место. На секој меч целиме на три бода, се надевам дека сите кои ќе бидат на теренот ќе бидеме сплотени како екипа за да го израдуваме македонскиот народ. Секој меч е различен, се се случува со причина и сега сме фокусирани само на Украина. Ако освоиме три бода, ќе имаме огромни шанси да играме на Европското првенство“, изјави Бојан Миовски.

Scroll to Top