Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ја продолжи гол-серијата во Премиер лигата на Шкотска.
Новиот миленик на навивачите на Абердин, постигна два гола убедливата победа од 5:0, против Ливингстон.
Миовски го отвори резултатот во 41.минута со гол од пенал, а потоа вп 63.минута по додавањето од Хејс ја зголеми предноста на Абердин на 4:0.
Миовски игра одлично од почетокот на сезоната во новиот клуб. Вкупни има постигнато шест гола, пет од нив во Премиер лигата.
— dribling.mk (@dribling2021) August 27, 2022