Top Sport

Миовски и Абердин му „врачија отказ“ на тренерот на Глазгов Ренџерс

По саботниот пораз од Абердин (1:3), Глазгов Ренџерс решија да му врачат отказ на тренерот Мајкл Бил. Бил помалку од една година беше тренер на „полицајците“.

По само седум одиграни кола, Ренџерс заостанува седум бода зад вечниот ривал Селтик.

Пред да дојде во Ренџерс, Бил имаше само неколку месеци независно тренерско искуство, на клупата на Квинс Парк Ренџерс. Бил на клупата го замени Џовани Ван Бронхорст, а сега прашање е кој ќе го замени, бидејќи Ренџерс се уште ја нема донесено таа одлука.

Од основањето на клубот во 1899 година, Ренџерс го смени тренерот само 20 пати.

Scroll to Top