Спортскиот шеф на Милан, Масимилијано Алегри провокативно изјави дека „му е жал за Арсенал“, откако неговиот тим го доби англискиот премиерлигаш во осминафиналето на Лигата на Европа.
Мирабели оди понатаму и вели дека е сигурен дека „Арсенал би сакале да продолжат во Европа“, но вака нивната кампања ќе доживее предвремен крај.
Арсенал едвај го минаа шестнаесетфиналето против Остерсундс, откако по 3:0 победата во Шведска во првиот меч, во четвртокот на домашен терен доживеаја шокантен 1:2 пораз. Мирабели смета дека Милан веќе се во четврт-финалето.
„Жал ми е за Арсенал, кои сигурно би сакале да продолжат во Европа. Тоа ќе беше убаво финале, но подобро е да се игра со голем клуб како Арсенал сега. Потребни ни се такви противници“, вели Мирабели.
Клупскиот менаџер, поранешниот голман Кристијан Абијати, кој беше на голот при дуелот Милан-Арсенал во осминафиналето на ЛШ во 2012 година, е заинтересиран за дуелот. Милан тогаш победи дома со 4:0, пред да загуби со 0:3 во Лондон.
„Секогаш е интересно против Арсенал и верувам дека ќе биде голем меч“, објаснува Абијати за „Скај Италија“.