Top Sport

Миранчук во Аталанта

Фудбалерот на Локомотив Москва Алексеј Миранчкук ја засили Аталанта. Двата клуба се договориле рускиот репрезентативец за сума од 14.500.000 да се пресели во Бергамо.

Миранчук е дете на Локомотив, во овој клуб на 16 годишна возраст во 2012 година ја започна својата кариера.

Тој има 24 години и игра во редот за врска. Од почетокот на сезоната во Русија одиграл пет натпревари и постигнал два гола.

Миранчук со Аталанта ќе потпише пет годишен договор.

Scroll to Top