Top Sport

Мурињо: Играчите на Рома се добри, но се ментално слаби

Жозе Мурињо, по спектакуларниот пресврт на Јувентус против Рома, истакнал дека неговите играчи не се ментално јаки. Рома до 70.минута имаше предност од 3:1, на крајот Јувентус славеа со 3:4.

„Го контролиравме натпреварот 70 минути. Тимот играше добро, пока\а менатaлитet да ја контролира играта. Психички паднавме на 3:2. Не уби тоа што Феликс Џијан имаше извонреден меч против Квадрадо. Имаше премногу спринтови, морав да го извадам. Таа измена се покажа како клучна“, рекол Мурињо.

Португалецот потоа прстот го впери кон играчите.

„Им кажав на играчите. Доколку натпреварот траеше 70 минути, тоа за нас ќе беше извонреден натпревар. За жал натпреварот не заврши тогаш. Во соблекувалната имаме играчи кои се добри, но се ментално слаби“.

Scroll to Top