Top Sport

Мирко Вучиниќ осуден – доби две години

Поранешниот црногорски репрезентативец Мирко Вучиниќ е осуден поради даночно затајување, пренесуваат италијанските медиуми.

Поранешниот фудбалер на Лече, Рома и Јувентус, е обвинет дека не пријавил дури шест милиони евра, за што е осуден на условна казна од две години.

Споменатата сума Вучиниќ ја заработил од 2014 до 2017 година и требало да плати данок во Италија – што не го направил.

Судијката Валерија Фиделе пресути во корист на Управата за приходи, што значи дека почна превентивното одземање на тековните сметки на Вучиниќ, како и на движен и недвижен имот.

Вучиниќ се бранеше дека платата ја земал во Обединетите Арапски Емирати, а не во Италија. Во последните денови од својата кариера, која заврши пред шест години, настапуваше токму за тимот на Ал Џезира.

Обвинителите утврдија дека тој престојувал на Апенинскиот полуостров, иако неговите агенти тврдеа дека тој не бил фискално поврзан со таа земја.

Во клупската кариера најголема трага остави во Серија А каде настапуваше за Лече, Јувентус и Рома каде се стекна со статус на икона. На 446 натпревари во кариерата постигна 155 гола со 70 асистенции.

Scroll to Top