Top Sport

Мирко Вучиниќ се соочува со четири годишна затворска казна

Поранешниот црногорски репрезентативец Мирко Вучиниќ би можел да заврши во затвор доколку не ги подмири обврските кон Италија.

Вучиниќ е обвинет за даночно затајување од 13 милиони евра. Требало, а н платил данок во периодот од 2014 до 2017 година.

Обвинителството побара затворска казна од четири години.

Во меѓувреме, неговите адвокати се обидуваат да докажат дека во наведениот период тој платата си ја заработувал во Обединетите Арапски Емирати, а не во Италија.

Инаку, тој во последните денови од својата кариера, која заврши пред шест години, настапуваше токму во Емиратите, во тимот на Ал Џезира.

Медиумите во Италија тврдат дека конечната одлука ќе биде донесена на 19 октомври.

Вучиниќ беше пеколен голгетер кој играше за Србија и Црна Гора, а подоцна и за Црна Гора.

Во клупската кариера најголема трага остави во Серија А каде настапуваше за Лече, Јувентус и Рома каде се стекна со статус на икона.

На 446 натпревари во кариерата постигна 155 гола со 70 асистенции.

Scroll to Top