Top Sport

„Мислам дека Погба ќе остане“

Во пресрет на вечерашниот натпревар помеѓу Вулверхемптон и Манчестер Јунајтед, менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер, проговорил за статусот на Пол Погба. Францускиот репрезентативец од почетокот на преодниот рок се поврзува со Реал Мадрид, засега трансферот не е реализиран, но медиумите не ја исклучуваат можноста тој да биде реализиран до 2 септември, кога завршува преодниот рок во Шпанија.

Реал, поточно тренерот Зинедин Зидан, не го кријат интересот за Погба, меѓутоа „кралскиот клуб“ нема намера да плати околу 180 милиони евра за неговиот трансфер. Поради тоа менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е сигурен дека играчот ќе остане на „Олд Трафорд“.

„Само доколку…не, мислам дека тој ќе остане“, рекол Солскјер на почетокот на прес конференцијата и дополнил.

„Секогаш ставате прашалници кога е во прашање Погба. Не мислам дека е чудно што тој говори дека се забавува со соиграчите и дека ужива во тоа што го работи, дека го сака фудбалот. Секако дека секогаш ќе постојат прашалници. Немаше ниту една прес конференција на која не одговарав на прашања поврзани со Погба. Воопшто не сум загрижен дека ќе замине“, рекол Норвежанецот.

Натпреварот Вулверхемптон-Манчестер Јунајтед се игра вечерва од 21 часот.

Scroll to Top