Top Sport

Симеоне: Феликс мора уште да напредува

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, истакнал дека Жоао Феликс ги исполнил неговите очекувања на официјалното деби за „јоргнаџиите“, дополнувајќи дека играчот мора уште да напредува.

Жоао Феликс, најскапото засилување во историјата на Атлетико Мадрид, дебитираше синоќа во победата над Хетафе (1-0). 19 годишниот Португалец имаше една спектакуларна акција по која избори пенал, кој не успеа да го реализира Алваро Мората.

„Првиот меч во сезоната не е лесен. Игравме против тим што се движи одлично во одбраната. Не оставаа воопшто простор за Феликс. Сепак покажа какви се неговите можности и се надевам дека тоа ќе г прави уште подобро во наредниот период. Мора да продолжи да напредува“, рекол Симеоне.

Жоао Феликс летово од Бенфика пристигна на „Ванда Матрополитано“. Атлетико за него платија 126 милиони евра.

Scroll to Top