Србија ја победи Шведска со 4:1, а Пкотска славеше во островското дерби против Република Ирска со 2:1, во натпреварите од Б-дивизијата во Лигата на нации. Србите против Норвешка, а Шкотите против Украија ќе решаваат околу победникот во групата и пласман во А-дивизијата.
Србите предводени од Александар Митровиќ убедливо ја поразија Шведска во Белград.
Клаисон постигна гол за Шведска во 15.минута, а потоа на сцена стапи напаѓачот на Фулам. Постигна три гола во 18., 45. и 50 минута и практично го реши победникот. Конечниот резултат го потсави Лукиќ во 70.минута.
Во Групата 4, Норвешка и Србија имаат по 10 бода, Словенија пет, а Шведска три бода. Во вторник, во Осло, Норвешка ќе ја пречека Србија, а Словенија ќе гостува во Шведска.
Шкотска ја победи Република Ирска и го задржа првото место во Групата 1.
Ирците водеа од 18.минута со голот на Иган, израмни Хнрди во 50., а победата на Шкотите им ја донесе Кристи во 81.минута од натпреварот.
Шкотска води со 12 бода, Украина има 10, Ирска има четири, а Ерменија три бода.
Украина, во вторник, ќе ја пречека Шкотска во Краков, во исто време Ерменија ќе гостува кај Република Ирска.