Top Sport

Митровиќ преферира трансфер во Ал Хилал

По Сергеј Милинковиќ-Савиќ, уште еден српски репрезентативец ќе се пресели во Саудиска Арабија. „Скај спорт“, тврди дека Алаксандар Митровиќ изразил желба да го напушти Фулам.

Александар Митровиќ е заштитно лице на Фулам. Со овој клуб два пати успеа да влезе во Премиер лигата. Најдобриот стрелец во историјата на српската репрезентација има понуда од Ал Хилал.

Митровиќ е во Фулам од 2018 година, минатата сезона благодарение на неговите 14 голови, Фулам се пласира во горниот дел од табелата.

Српскиот фудбалер пред Фулам беше во Њукасл, Андерлехт и Партизан, а во септември ќе наполни 29 години. Сигурно е дека може да одигра уште неколку одлични сезони за Фулам. Неговиот договор истекува во јуни 2026 година.

„Скај спорт“, пишува дека Ал Хилал на Фулам, како оштета му нуди околу 25 милиони фунти, но нема информација колкава плата напаѓачот би имал во Саудиска Арабија.

Scroll to Top