Top Sport

Митровиќ го сруши рекордот, Фулам со титулата во Чемпионшип!

Неверојатниот српски напаѓач, Александар Митровиќ стрелаше двапати за да го  сруши рекордот на Гај Витингем од 42 постигнати голови во Чемпионшип, за да помогне Фулам да стигне до неверојатна 7:0 победа над Лутон и да ја осигура титулата во англиската втора лига, откако претходно го потврдија влезот во Премиерлигата.

Со победата се потврди фантастичната сезона на тимот на Марко Силва, но и на Митровиќ, апсолутно доминираше пред голот со 43 гола, подобрувајќи го рекордот на Витингем од 1992/93, кога тој постигна 42 гола за Портсмут. Фулам сега имаат 90 поени на врвот на табелата, осум повеќе од второпласираните Бурнемаут, кои имаат уште два меча до крајот на сезоната.

Бурнемуат се фаворити да влезат во Премиерлигата директно, а во борба за пласман преку плејофот се и Нотингем форест, Хадерсфилд, Шефилд јунајтед, но и Лутон, Мидлзборо и Милвол.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top