Нема мир во фудбалска Србија. По лошиот настап на Мундијалот во Катар, на виделина почна да излегуваат не фудбалските работи. Тамошната фудбалска јавност ја потресе членот на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија, Новица Тончев, кој меѓу другото рече дека парите за премии за српските фудбалери не се рамномерно распределени и дека селекторот Драган Стојковиќ Пикси за изборениот пласман на Мундијалот добил 1.500.000 евра.
Дел од неговите обвинувања ги отфрли српскиот и англискиот напаѓач на Фулам, Александар Митровиќ, официјално „Златната топка“ на Србија за 2022 година.
„Веднаш ќе кажам ова е уште една лага! Никој од нас не игра за Србија за пари. Мене лично ми е срам да зборувам за премии. Играме во одлични клубови, заработуваме повеќе од доволно, репрезентацијата бара чиста глава и срце. Парите не се важни! Не навлегувам кој колку добил, ниту пак ме интересираат туѓи пари. Знам дека се почитуваат сите луѓе во српскиот репрезентативен систем, јадрото на А репрезентацијата исто така, секој еден од нив, изјави Митровиќ во интервју за „Спортклуб“.
Брилијантниот центарфор го прокоментира и настапот на Србија во Катар, каде што неговиот тим го зазеде последното место во групата. Митровиќ смета дека некои во Србија се „радувале“ на неуспехот.
„Поточно, хиените околу Фудбалскиот сојуз на Србија. Скриени во некои дупки молчеа додека Србија газеше се пред себе. Беше само прашање на време кога ќе отворат оган врз нас. Сценариото веќе го видовме, само што поединци директно го таргетираа и селекторот Драган Стојковиќ. А кога се издигнавме со Пикси, тие стручњаци никаде го немаше“, рече напаѓачот на Фулам.
Митровиќ смета дека Пикси треба да остане селектор.
„Не е време, ниту место да се разгледува опцијата за смена на селекторот“.