Фулам и Кристал палас потврдија дека има истрага откако Александар Митровиќ и Лука Миливојевиќ ги прекршиле правилата за КОВИД-19 во Лондон, откако беа снимени од партнерката на Митровиќ, Кристијан Јањиќ на новогодишна забава во Лондон.
Напаѓачот на Фулам и капитенот на Палас, Миливојевиќ се гледаат како слават со барем уште седум луѓе со порака „Среќна нова 2021“. Во друго видео, Митровиќ игра фудбал со Миливојевиќ и со уште две деца. Јањиќ веднаш го избриша акаунтот на Инстаграм, на кој претходно беше и сопругата на Миливојевиќ, Милица.
Ова доаѓа откако во Фулам има ширење на корона вирусот и откажување на мечевите со Тотенхем и Барнли и во исто време, Тотенхем и Вест хем ги казнија своите фудбалери за заедничката божиќна забава.
Palace and Fulham launch investigations over Aleksandar Mitrovic and Luka Milivojevic’s alleged coronavirus breaches https://t.co/vDiuujLDgM
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) January 2, 2021