Top Sport

Митровиќ и Силва му се извинија на судијата за хаосот на мечот со Јунајтед

Менаџерот на Фулам, Марко Силва и напаѓачот Александар Митровиќ му се извиниле лично на судијата Крис Кавано за нивното однесување во мечот од ФА купот против Манчестер јунајтед во обид да добијат помали казни.

Митровиќ доби црвен картон откако го турна Кавано протестирајќи го црвениот картон на Вилијан по играњето со рака во шестнаестникот, а и Силва доби црвен картон за реакцијата во неверојатни сцени на „Олд Трафорд“ по кои Фулам од 1:0 водство загубија со 3:1.

Митровиќ покрај извинувањето прифати да добие казна од клубот и се извинил на своите соиграчи за реакцијата, а Силва изјави дека нема да има проблем ако Кавано повторно им суди на Фулам.

„Бев со мојата репрезентација и имав време да се осврнам на мечот со Манчестер јунајтед. Сите знаете дека тоа беше емоционален меч во обид да се стигне до полуфиналето во ФА купот. Лично жалам за моето однесување по кое добив црвен картон. Дозволив фрустрациите да ме совладаат и реагирав погрешно. Сфаќам дека не требаше да го допирам судијата и го сфаќам црвениот картон, првиот од 2015/16. Ја прифаќам казната од три меча за картонот, зборував со судијата Крис Кавано да се извинам и доброволно побарав казна од клубот. Сакам инцидентот да го оставиме зад нас“, вели Митровиќ.

Scroll to Top