Top Sport

Митровиќ од Фулам се сели во Динамо?

Српскиот фудбалски репрезентативец, Александар Митровиќ најверојатно ќе ја напушти Британија. Доколку реши да остане, повторно ќе мора да игра во Чемпионшип затоа што неговиот Фулам повторно е скала пониско од минатата сезона.

Повеќе клубови се интересираат за напаѓачот кој беше во немилост на тренерот Скот Паркер.

Прв во ред е московски Динамо. Не им е проблем да платат 20 милиони отштета за Србинот. Се чини дека за таа сума лондонскиот клуб ќе се реши да го продаде еден од најскапите играчи во тимот.

Иако имаше понуда од кинески Гвангжу Евергранде, Митровиќ ја одби сакајќи да игра во елитно натпреварување.

Кинезите му нудеа 12 милиони по сезона, но српскиот ас покажа дека парите не му се најважниот сегмент во кариерата.

Scroll to Top