Top Sport

Хајнце доби отказ во Атланта – не им давал на играчите да пијат вода

Поранешниот аргентински фудбалер – дефанзивецот на Рома, Реал мадрид, ПСЖ и Манчестер Јунајтед, Габриел Хајнце доби отказ на позицијата тренер на фудбалскиот клуб Атланта јунајтед во американската МЛС лига.

Хајнце на кормилото на Атланта беше само на 13 меча, но „Fox Sports“ пренесува вест дека отказот е поради „лудите“ методи на работа на Аргентинецот.

Хајнце им забранувал да пијат вода на тренинзите пред почетокот на сезоната. Поради високите температури тоа е опасно, па неколкупати морале да интервенираат и докторите. Информациите се дека тој им ги скратувал и слободните денови на своите фудбалери.

Истиот извор јавува дека Здружението на фудбалери упатило жалба до МЛС лигата поради условите за работа во Атланта јунајтед.

„Играчите беа потполно ментално и физички исцрпени. Тоа беше вистинска тортура“ рекол неименуван извор од клубот.

Scroll to Top