Top Sport

Митровиќ сам го победи Азербејџан, Кипар ја шокираше Словенија

Фудбалските репрезентации на Србија и Словенија дознаа колку се непредвливи квалификациските мечеви и покрај улогата на фаворити, откако по импресивните резултати во претходните кола, овојпат се помачија со послаби противници – Србија стигна до 2:1 победа кај Азербејџан благодарение на фантастичниот Александар Митровиќ, додека Словенија загуби со 1:0 на гостувањето кај Кипар.

По поставувањето на рекордот по бројот на голови во српската репрезентација при контроверзното 2:2 реми со Португалија, Александар Митровиќ ги донесе гостите во водство уште во 16-тата минута по уште една асистенција на Душко Тадиќ, но Азербејџан успеа да израмни во 59-тата минута со гол од пенал на Махмудов. Митровиќ го постигна својот петти гол во три меча во дресот на репрезентацијата во 81-та минута за победа. Напаѓачот на Фулам сега има 40 гола во дресот на Србија на само 26 години.

Словенците, пак, по 1:0 победата над Хрватска во претходното коло, овојпат на Кипар загубија со 1:0 благодарение на голот на Јоанис Питас во 43. минута од мечот.

СП 2022 КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА А

Азербејџан – Србија 1:2

Луксембург – Португалија 20.45 ч.

Табела: 1.Србија 7, 2.Португалија 4, 3.Луксембург 3, 4.Азербејџан 1, 5.Ирска 0

ГРУПА Х

Кипар – Словенија 1:0

Словачка – Русија 20.45 ч.

Хрватска – Малта 20.45 ч.

Табела: 1.Русија 6, 2.Кипар 4, 3.Хрватска 3, 4.Словенија 3, 5.Словачка 2, 6.Малта 0

Scroll to Top