Извор/ ffm.mk
Репрезентацијата на Македонија ги започна подготовките за новата сезона во Лигата на нации. Прв натпревар за нашата најдобра селекција е Фарски Острови. Фудбалерот на Бохум, Агон Елези вели дека целта заМакедонија е првото место во групата.
Димитар Митровски 25-годишниот офанзивец на Вараждин, повторно ќе добие шанса да го носи националниот дрес, вели дека не постојат однапред добиени натпревари.
„Мило ми е што повторно сум дел од репрезентацијата. Во тимот владее позитивна атмосфера. Нашата цел е првото место. Почеток на сезона сме и сите момци се максимално спремни и се желни за добар резултат.
Во модерниот фудбал нема добиени натпревари пред време. Фарски острови е многу незгоден ривал. Мора да се прилагодиме на нивната подлога (вештачка трева), но верувам во моите соиграчи и во позитивен резултат. Македонија во оваа група цели кон првото место со оглед на нашиот квалитет имаме право да веруваме. Но, тоа треба да го покажеме на теран“, изјави Елези.
„Нашата цел е да го освоиме првото место во групата. Влегуваме како фаворити против Фарски Острови, но секој натпревар е тежок. Треба да се прилагодиме и на временските услови и теренот, но треба да бидеме позитивни и да го дадеме најдоброто за националниот тим.
Кога се игра за Македонија треба да се дава повеќе од 200%. Секогаш сум го давај најдоброто во националниот дрес, така беше и во младинските категории, а така ќе биде и во иднина“, рече Митровски.