Италијанските медиуми јавуваат дека крадци влегле во домот на фудбалската легенда Паоло Роси за време на неговиот погреб и украле повеќе лични предмети на поранешниот освојувач на „Златната топка“, вклучувајќи еден часовник.
Италијанската легенда беше кремирана денеска по церемонијата на стадионот „Ромео Менти“ во Виченца и церемонија во катедралата во градот. Според новинската агенција „АНСА“, сопругата на Роси се вратила во домот и открила дека има грабеж.
Навистина мизерно.