Top Sport

„Мизеријата“ на Јунајтед разоткриена во Брајтон (видео)

Жозе Мурињо изјави дека ќе биде многу тешко Манчестер јунајтед да стигне до топ 4 пласман во Премиер лигата оваа сезона, што не изненадува ако се погледне мечот од второто коло во неделата.

Брајтон Хоув & Албион е клуб кој по сите очекувања оваа година грчевито ќе се бори за опстанок во елитата, но тоа не му пречеше да го совлада 20-кратниот англиски шампион со 3:2 на „Амекс стадионот“, уништувајќи ја слабата одбрана на Јунајтед за две минути.

Глен Мареј во 25. и Шејн Дафи во 27. минута донесоа шокантно водство за Брајтон, но само седум минути подоцна Ромелу Лукаку даде надеж на „ѓаволите“ дека е можно да направат нешто на гостувањето на југот на Англија. Меѓутоа во 44. минута, Брајтон постигна уште еден гол од пенал за да ја „запечати“ судбината на Јунајтед.

Во второто полувреме, сите шанси на „ѓаволите“ се покажаа како јалови, до 94. минута, кога Пол Погба од пенал успеа да намали на 3:2. Нормално, по ваков натпревар повторно ќе се постават прашањата околу иднината на Жозе Мурињо на „Олд Трафорд“.




Scroll to Top