Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, обезбедија пласман во осмина-финалето во Лигата на шампионите, иако во последното коло, во Х-групата, беа поразени во Валенсија 2:1.
Екипата која од клупата ја предводи Жозе Мурињо, игра лошо, а натпреварот на „Местаља“ во Валенсија, веројатно беше најлошиот за нив од почетокот на сезоната.
Во таквата игра предничеше напаѓачот Ромелу Лукаку, за кого Јунајтед пред две сезони на Евертон му платија 85 милиони евра.
Неверојатно е но вистинито е дека Лукаку не успеал да добие ниту еден дуел на натпреварот со Валенсија.
Поради лошата форма во која се наоѓа, белгискиот репрезентативец, остана без место во стартната постава. Сезонава има постигнал шест гола на 21 натпревар.
Belgian Proximus 11+ pundits have taken lukaku’s touches vs valencia and compiled them into 1 video. This is the result: pic.twitter.com/yU3LWqYtut
— Casper CFC ?? (@Casper_VB) December 12, 2018