Поранешниот главен скаут на Борусија Дортмунд и Арсенал, Свен Мизлинтат го поддржа француското крило на Барселона, Усман Дембеле, кој не успеа да го покаже својот талент на „Ноу Камп“.
22-годишниот Дембеле помина една година во Бундеслигата, во 2016/17 и го постигна победничкиот гол во финалето на ДФБ купот за „милионерите“. Тој беше донесен од францускиот Рен, но само една година подоцна со штрајк примора Борусија да го продаде на Барселона со заработувачка од над 100 милиони евра. Мизлинтат вели дека слабите резултати во Каталонија не значат ништо.
„Усман, како што кажав и претходно, на некој начин е бандит. Ако го разбирате и го поддржувате, тој може сам да ви ги донесе победите. Помогна Дортмунд да биде успешен, но во исто време тоа значеше дека ако сака да оди во Барса не можете да го сопрете. Секој талентиран фудбалер има незгоден карактер. Не е фер што тој трансфер, кој донесе титула за Дортмунд, финансиски успех од над 100 милиони евра да биде гледан негативно. Клубовите мора да престанат да зборуваат за лошите фудбалери и добрите клубови. Се работи за победа – преговарање и пари“, вели Мизлинтат.
Дембеле постигна 19 гола и имаше 17 асистенции во 72 настапи за Барса во последните две години, но и низа повреди и дисциплински проблеми.